Признание за најдобар службеник во Штедилница Можности
1.11.2022
Светскиот ден на штедењето 31-ви Октомври и оваа година традиционално беше одбележан од страна на Македонската банкарска асоцијација и на свечена церемонија на најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава им беа доделени награди и признанија за покажаните исклучителни резултати во деловното работење во текот на 2022 година.
Од страна на претставници на МБА на најдобрите службеници им беа доделени признанија во форма на специјално изработени статуетки, кои традиционално се изработуваат при секое одбележување на овој ден.
Од Штедилница Можности, за најдобар службеник беше избрана Маја Милошевски од експозитура во Лептокарија со значаен придонес во резултатите од целокупното работење на Штедилницата и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.
Честитки до колешката!
Се движиме заедно,
Штедилница Можности