Најдобар службеник 2025
3.11.2025
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2025 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Упатуваме искрени честитки до нашата колешка Ирена Вурмеска Боцевска од Сектор Трансакции и логистика на продажба, која оваа година беше избранa за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.
#СеДвижимеЗаедно#ШтедилницаМожности


