Можности во друштво со најдобрите!
8.05.2018
Штедилница Можности беше дел од 14-то издание на Скопскиот маратон којшто се одржа во Скопје во неделата, на 6 мај, а учествуваа над 10.000 маратонци од целиот свет.
Дваесет и двајца наши колеги зедоа учество во трката на 5 км и полумаратонот (21 км) и сите успешно завршија на целта. Сите заедно настапуваа во боите на Штедилницата и направија добар пласман во трката на 5 км и во женска и во машка конкурекција, како и во тим билдинг трката на 21 км. Учествуваа колегите од дирекцијата во Скопје, цела експозитура на штедилницата од Кочани, како и дел од колегите од експозитурите во Кичево, Куманово, Тетово и Скопје-Аеродром.
Нашиот колега и професионален маратонец Александар Кираџиев и оваа година повторно беше национален шампион на земјава и петтопласиран во целокупна конкуренција на маратонската трка од 42 км. Тој ја мина трката за време од 2 часа 42 минути и 47 секунди.
Сите заедно, и оние кои учествуваа на трките, и останатите колеги кои дојдоа како поддршка под боите на штедилницата, придонесоа во промовирањето на спортскиот дух.
Дружбата на вработените од спортските патеки се пресели во локален бар каде што се собраа учесниците маратонци и тимот за бодрење. Сите учесници на маратонот добија признанија од управителот на штедилницата за покажаниот спортски и тимски дух.
Штедилница Можности го спонзорираше учеството на сите свои вработени – учесници, а ги поддржа и со соодветна брендирана опрема за трчање, докажувајќи се како општествено одговорна компанија којашто со својата визија и мисија успешно ги спојува грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.
Подолу слики од тимот на штедилницата.
Спортски поздрав до следна година на Скопски маратон!
Се движиме заедно
Штедилница Можности