Известување за зголемување на каматни стапки на депозити

1.12.2025

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од 1 декември 2025 година  Штедилница Можности изврши зголемување на каматната стапка на денарските депозити со рочност од 6 месеци, која изнесува 2,30% и на денарските депозити со рочност од 36 месеци која изнесува 3,30%.

Дополнително, воведена е и нова рочност од 25 месеци со каматна стапка од 3,00%.

Со почит,
Штедилница Можности