Заврши настанот “Глобална недела на парите”
28.03.2022
Глобална недела на парите
Заклучно со 27.03.2022 година, настанот „Глобалната недела на парите” е официјално завршен.
Главната цел на настанот беше подигање на свеста за важноста на тоа да бидеме сигурни дека младите, уште од рана возраст, се финансиски свесни и постепено стекнуваат знаења, вештини и ставови неопходни за да донесат здрави финансиски одлуки и да постигнат финансиска стабилност.
Изразуваме огромно задоволство што имавме можност да бидеме дел од овој настан и веруваме дека овозможивме подобра едукација и нам како финансиска институција, како и на многу млади луѓе и ја подигнавме свеста за финасиската писменост.
Се движиме заедно