Учиме за парите заедно со штедилница Можности
15.12.2022
Штедилница Можности на ден 12.12.2022 година одржа едукативна работилница на тема: “Финансиска едукација на млада популација во делот на најкористени финансиски поими (пари, кредити, камата, трошок, приход, како и едукација во областа на штедење и улогата на штедењето како вредност кај младата популација”, во просториите на училиштето ООУ “Ацо Шопов во Радишани заедно со децата од VII-В ооделение.
Во пријатна атмосфера, низ интерактивни, едукативни примери и забавна игра децата се запознаа со основните финансиски поими (пари, кредит, камата, трошоци, приход, профит), што е штедење, зошто и како да се штеди, како и со суштината и важноста да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.
Штедилница Можности продолжува со активно вклучување во едуцирањето и советувањето на младите преку вакви едукативни работилници се со цел потикнување и допринос во процесот на финансиска едукација која е битна за стекнување на знаењеи вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот.
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Aco-Sopov-9.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Aco-Sopo-za-objava-576x1024.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Aco-Sopov-Moznosti-2022-1024x835.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/slika-4-498x1024.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/slika3-498x1024.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Aco-Sopov-2-658x1024.jpg)
![](https://moznosti.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Aco-Sopov-za-objava-1-1024x576.jpg)
Се движиме заедно,
Штедилница Можности