Штедилница Можности на завршен хепенинг од „Глобалната недела на парите”

12.05.2017

Под мотото „Учи! Штеди! Заработи!“, Штедилница Можности се приклучи на настанот од светски ранг  „Глобалната недела на парите” која започна на 27 март, а заврши на 11 мај 2017 со голем хепенинг во Градски парк во Скопје.
Целта на овој настан кој се одржува на светско ниво во повеќе од 130 земји и со учество на повеќе од 1000 организации и институции, е финансиска едукација на младите.

На настанот присуствуваа сите банки и штедилници, пензиски фондови, осигурителни друштва и инвестициски фондови од земјава.
Завршен говор имаше Гувернерот на НБРМ г. Димитар Богов, како и претставници на Министерството за финансии и МАПАС, со што уште еднаш се потенцираше важноста од подигнување на свеста кај младите за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемништвото.

Штедилница Можности заедно со останатите институции, преку една заедничка дружба, им ги презентираше своите услуги и продукти на сите присутни млади луѓе кои се дел од образовниот систем во земјава.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности едуцира и советува преку својот компетентен персонал, а ги презентира и своите производи и услуги кои постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности