Штедилница Можности дел од настанот „Глобалната недела на парите”
10.04.2017
Под мотото „Учи! Штеди! Заработи!“, Штедилница Можности се приклучи на настанот од светски ранг „Глобалната недела на парите” која започна од 27 март, а ќе трае до 19 април 2017 година.
Во организација на Министерството за финансии и НБРМ, за првпат оваа година партнери на овој настан преку Сојузот на микрофинансиски институции се и микрофинансиските институции од земјава, предводени од Штедилница Можности.
Тоа е настан кој се одржува на светско ниво во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), во чиишто рамки се одржуваат преку 4000 активности во кои се вклучени над 6 милиони деца и млади, во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции.
Целата активност се одвива преку одржување на едукативни посети од страна на караван деца од основни и средни училишта, како и студенти од факултети, кои ги посетуваат финансиските институции што се дел од овој настан низ повеќе градови низ земјава.
Целта е со вакви активности, преку учење да се подигнува свеста кај младите за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемништвото.
На 7 април 2017 година, експозитурата на Штедилница Можности во Струга беше посетена од караван ученици како дел од овој настан. Посетата на караванот на НБРМ во Струга беше исклучително успешна. Нашите колеги ги пречекаа учениците од ОУ „Нико Нестор“ од Струга, ги запознаа со нашиот делокруг на работење, присутните на лице место можеа да видат како функционира една финансиска институција и кои се секојдневните обврски на вработените. Учениците можеа да научат што се штедни влогови, кои се придобивките од ваквиот начин на штедење, што се кредити, како паметно се користат и сл.
Главниот настан ќе се случува на 19 април 2017 година во Градски парк во Скопје каде што ќе присуствуваат сите банки и штедилници, пензиски фондови, осигурителни друштва и инвестициски фондови од земјава. Сите заедно преку дружба ќе им ги презентираат своите услуги и продукти на сите присутни на настанот.
Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности едуцира и советува преку својот компетентен персонал, а ги презентира и своите производи и услуги кои постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.
Се движиме заедно,
Штедилница Можности