Зeлен продукт со 30% грант

Зелен кредит со 30% грант за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Штедилница Можности, во соработка со агенциите на Обединетите нации во земјава (УНДП и ИОМ), учествува во заедничката програма од Заедничкиот фонд за SDG (Целите за одржлив развој) – „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“.

Преку Зелениот кредит – наменски потрошувачки кредит за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, се обезбедува поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства.

Преку овој кредит кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант од 30% од направената инвестиција, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Грантот е обезбеден преку Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“ имплементирана од УНДП во партнерство со ЕБОР, ИОМ, УНЕЦЕ, Штедилница Можности ДОО Скопје и локални финансиски институции, а финансирана од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој, Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој.

Намена на кредитот-Енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување;
-Топлински пумпи;
-Изолација на надворешни ѕидови, покриви, поткровје, под и преградни ѕидови;
-Печки/котли на палети;
-Соларни колектори за топла вода;
-Фотоволтаични системи;
-Клима уреди;
-Фрижидери/замрзнувачи, акумулациони бојлери за топла вода;
-Литиумски (LI-ION) батерии;
-Електрични/хибридни возила (за корисници од сегментот ,,Домаќинства со лица со попреченост”) и др.
Целна групаЗа вработени, пензионери, сопственици на бизниси , земјоделци
кои припаѓаат на некоја од следните групи население:
-Жени како единствен или главен носител на приход;
-Самохрани родители;
-Домаќинства со лица со попреченост;
-Ромски домаќинства;
-Домаќинства со еден приход;
-Млади лица од 18 до 35 години;
-Домаќинства со 3 или повеќе деца (вклучително и деца во згрижување);
-Приматели на дознаки од странство;
-Повратници од странство;
Износдо 1.500.000 МКД
Рок на враќањедо 95 месеци
Грејс период3 месеци
Номинална каматна стапка5,5% (годишно – фиксна)
Стапка на вкупни трошоци
(СВТ)
од 8,6%
Манипулативен трошок
2% (еднократно)
ГрантПоврат на средства (грант) 30% од износот на кредитот.
Месечна провизија за управување 0,283% (месечно)
Останати трошоци
на кредитот
Меница од 100 до 500 денари во зависност од износот на кредитот
Интеркаларна камата во зависност од денот кога се реализира кредитот
ОбезбедувањеБез жиранти и согласно износ на кредит
ДокументацијаДокументација која се доставува до штедилницата:
Документација за оценка на кредитна способност согласно со целната група
Начин на отплатаАдаптиран на потребите на клиентот
Исплата на кредитотНа сметка на издавачот на про-фактура/фактура

Пример:

Износ на кредитКаматна стапкаРокМанипулативен трошокМесечна провизијаПросечна месечна ратаСВТ
240.000 МКД5,5%60 месеци2,00%0,283%5.025 МКД10.245%

Вкупниот износ што го плаќа потрошувачот согласно примерот изнесува 293.270,00 МКД.

Примерот е доколку кредитот се исплаќа на први во месецот.

Единствено што треба да направите е да пополните барање за кредит или да аплицирате преку нашата онлајн апликација.

Извештај за стапка на вкупни трошоци (СВТ) со 30.06.2025 година

Цел

Поддршка на инвестиции во енергетски ефикасни решенија и обновливи извори,

Намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот,

Намалување на животните трошоци и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Ова партнерство ја нагласува заложбата на Штедилница Можности за поддршка на заедницата преку иновативни, одржливи финансиски решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина и одржлив развој.

Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и справување со климатските промени во Северна Македонија“ е финансиранa од Заедничкиот фонд за SDG (Целите за одржлив развој) Joint SDG FundВлада на Република Северна МакедонијаEuropean Bank for Reconstruction and Development (EBRD) и финансиските институции. Програмата е имплементирана од @UNDPMK, IOM – UN MigrationUNECE и EBRD.

#SDGFinance #SDG7 #SDG11 #SDG13 #SDG17 #LeaveNoOneBehind #renewableenergy #energyefficiency