За основни и обртни средства
Земјоделски кредити за основни и обртни средства
Намена на кредитот | За закуп на земјиште за обработка, механизација, семенски материјал, ѓубрива, опрема за пластеници, штали, формирање и обнова на стадо, инвестиции во органско производство и енергетска ефикасност. |
Целна група | Земјоделци |
Износ | до 50.000 ЕУР / 3.000.000 МКД |
Рок на враќање | до 72 месеци |
Грејс период | до 6 месеци |
Номинална каматна стапка | од 6% до 6,9% (годишно – фиксна) 6,5% ако е обезбеден со ПГ |
Манипулативен трошок | 1,25% – 2% (еднократно) |
Провизија за управување | од 0,250% до 1,000% (месечно) од 0,283 до 0,958 ако е обезбеден со ПГ 0% за ЗКДФ |
Останати трошоци на кредитот | Меница од 100 до 500 денари во зависност од изосот на кредитот Интеркаларна камата во зависност од денот кога се реализира кредитот |
Намена | Кредит за секоја намена од областа на земјоделие |
Обезбедување | Комбинација од физички лица потписници на меница и менична изјава или Солемнизиран договор за кредит или Меница во форма на Нотарски Акт или Административна забрана За кредит над 1.800.000 денари или 30.000 евра, обезбедувањето е Хипотека или Залог или Портфолио гаранција за ПЛ |
Документација | Имотен лист или договор за закуп на земја или потврда за пријавени производни капацитети од МЗШВ или потврда од ветеринарна станица |
Начин на отплата | Адаптиран на потребите на клиентот |
Исплата на кредитот | Во готово и на сметка |
Штедилница “Можности“ соработува со Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ) и одобрува кредити од кредитната линија која ја обезбедува овој фонд
Ве известуваме дека во случај да аплицирате и да ви се одобри кредит во денари со девизна клаузула (ЕУР), при што за времетраењето на договорот за кредит настане промена на средниот курс на ЕУР на НБРМ, месечната рата на кредитот за којшто сте аплицирале, односно ви е одобрен, ќе се пресметува по актуелниот среден курс на ЕУР на НБРМ на денот на уплатата на ратите од кредитот.
Пример:
Износ на кредит | Каматна стапка | Рок | Манипулативен трошок | Месечна провизија | Месечна рата (просек) | СВТ | Трошоци за меница |
7.501 ЕУР | 6,00% | 48 месеци | 1,25% | 0,708% | 205.03ЕУР | 15,91% | 500 МКД |
Вкупниот износ што го плаќа клиентот согласно примерот изнесува 9.935,14 ЕУР
Примерот е доколку кредитот се исплаќа на први во месецот.
Единствено што треба да направите е да пополните барање за кредит или да аплицирате преку нашата онлајн апликација.
Штедилницата го задржува правото да го одбие барањето на подносителот на апликацијата.
Штедилницата го задржува правото да ги менува условите без предтодна најава.
Штедилница Можности
Се движиме заедно