Роденден експозитура Битола

17.04.2025

25 години присуство на Штедилница Можности и во Битолскиот регион. Прославуваме 25-години посветеност во поддршката на микрокредитирањето и финансискиот развој на локалните бизниси. Во овие две и пол децении, нашиот посветен тим игра клучна улога во овозможувањето на финансии за малите и средни бизниси, што има значителен позитивен ефект врз економијата на регионот. Со исплатени повеќе од 5.000 кредити во вкупен износ од над 12.000.000 евра, успешно го проширивме нашето финансиско семејство и продолжуваме да ја обезбедуваме поддршката која е неопходна за напредокот на заедницата. Во време на глобални економски предизвици, нашата мисија останува непроменета – да обезбедуваме пристапни и сигурни финансиски решенија за сите.