Фер со потрошувачите

28.11.2024

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека Штедилница Можности го обнови Сертификатот за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

По тој повод на 27.11.2024 година во просториите на Штедилницата свечено беше доделен Сертификатот од страна на ОПМ.

Со овој сертификат  се потврдува дека Можности ги почитува принципите на фер финансиски услуги во работењето преку: 

  • Веродостојни продажни информации и практики;
  • Фер договорни и постпродажни практики;
  • Процедури за заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност;
  • Политики и практики за достапност на давателот на финансиски услуги преку различни канали и за различни категории на лица;
  • Одговорно управување со поплаки од потрошувачите;
  • Едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Ова признание е од голема важност за Штедилницата, бидејќи со тоа уште еднаш се верификува нашата мисија  и придонесува клиентите да не препознаваат како институција која нуди фер финансиски услуги,  ја зголемува довербата кај клиентите и е позитивен придонес кон конкурентската предност и нашата репутација на финансискиот пазар.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности