Најдобар службеник по повод Ден на штедење
1.11.2024
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Упатуваме искрени честитки до нашиот колега Даниел Алексовски од експозитурата во Куманово, од Сектор Деловна мрежа, кој оваа година беше избран за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.