Штедилница Можности се вклучува во кампањата за Микрофинансирање на младите претприемачи 2024!
1.11.2024
Оваа кампања, организирана од Центарот за микрофинансирање од Полска (MFC), има за цел да ја истакне суштинската улога на секторот за микрофинансирање во зајакнувањето на младите претприемачи и да ја нагласи критичната улога на секторот во поддршката на младите претприемачи.
Со оваа кампања се нагласува промовирањето на финансиската вклученост со посебно истакнување на поддршката на младите претприемачи.
Со вклучувањето во кампањата за Микрофинансирање за младите претпремачи, Штедилница Можности ја потврдува својата посветеност на својата мисија односно поддршката на луѓето кои имаат добри деловни идеи да станат реалност.