Оглас за вработување во Скопје

Согласно член 23 од Законот за работни Односи, Работодавачот Штедилница Можности огласува упразнето работно место за:

Службеник во служба за трезорско работење

Работни задачи:

  1. Следење на тековна ликвидност и управување со парични средства,
  2. Управување со монетарни инструменти,
  3. Проекции на паричен тек, показатели на ликвидност и други показатели,
  4. Подготовка на извештаи за ликвидносен ризик, согласно пропишани одлуки,
  5. Подготовка на извештаи за валутен ризик согласно пропишани одлуки,
  6. Подготовка на извештаи за каматен ризик, согласно пропишани одлуки,
  7. Подготовка на извештаи за адекватност на капитал,
  8. Извештајност кон кредитори, и
  9. Други работи и работни задачи од делокругот на службата.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително.
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Најниската нето плата предвидена за оваа работна позиција е 33.000 денари.
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

            Штедилница Можности која има правичен третман при вработување на сите лица и нуди одлични услови за работа со можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, огласот е активен до 17.01.2025 г.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост и согласно Законот за заштита на лични податоци.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.