Денарски депозит

Денарски депозит

Денарскиот депозит може да биде:

·        депозит по видување
·        орочен депозит

Рокот на орочување кај денарскиот депозит е на 1, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци.

Висината на уплата кај депозит по видување изнесува најмалку 50,00 денари.
Висината на уплата кај орочените депозити изнесува најмалку 1.000,00 денари.

Кај денарскиот депозит, депонентот може да ја препишува каматата кон депозит на денот на неговото доспевање или да ја подига на месечно ниво.

1. Денарски депозити отворени и реорочени од 01.11.2024 година

РокТип на каматна стапкаКаматна стапка
По видувањеФиксна0,02%
1 месецФиксна0,05%
3 месециФиксна0,10%
6 месециФиксна0,30%
12 месециФиксна3,70%
24 месециФиксна3,80%
36 месециФиксна4,00%

*Каматните стапки за депозитите се на годишна основа.
*Каматните стапки за депозитите отворени по 01.07.2017 година се фиксни.

Напомена: Сите депозити отворени заклучно со 30.06.2017 година и отворени по 01.07.2017 година, кои доспеваат по 01.07.2017 година, ќе се реорочуваат со фиксна  каматна стапка која важи во моментот на реорочување.

Вкупните депозити на депонентите во Штедилницата се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решениетo, согласно Закон за Фонд за осигурување на депозити.

Општи услови за работење со депозити на физички лица – денарски депозит по видување

Општи услови за работење со депозити на физички лица – орочен денарски депозит

Општи услови за работење со депозити на физички лица – ограничен (гарантен) депозит