Со м-банкинг апликацијата сите информации достапни во секое време!
15.02.2022
Со новата БЕСПЛАТНА м-банкинг апликација на Штедилница Можности можете во секое време да дојдете до брз,едноставен и сигурен пристап до сите инфомации и услуги кои ги нуди Штедилницата.
Брзо и лесно преку Вашиот мобилен телефон или таблет во секое време можете да:
- ја проверите состојбата на кредитот или депозитот;
- имате увид во листата на уплати и исплати;
- имате увид во Вашиот амортизационен план;
- добиете информација за статусот на кредитот;
- ја проверите важечката курсна листа во штедилницата;
- и други информации.
Апликацијата е достапна само на Google Play.
За дополнителни информации обратете се во експозитурите на штедилницата или контактирајте нè на 02 2401-051 или e-banking@moznosti.com.mk
Се движиме заедно,
Штедилница Можности