Штедилница Можности потпиша договор со Развојната банка на РСМ

11.11.2021

Почитувани,

Ве известуваме дека Штедилница Можности потпиша договор со Развојната банка на РСМ, за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд. Преку овој фонд ќе се гарантираат кредитите за обртни и за основни средства кои штедилницата ќе ги пласира кон микро, мали и средни компании, регистрирани согласно Законот за трговски друштва.

Штедилница Можности стана дел од оваа кредитно – гарантна шема со цел поддршка во кредитирање на микро, мали и средни компании. Кредитите кои ќе можат да бидат ставени под оваа портфолио гаранција се со  максимален износ до 3.000.000 денари и рок на отплата до три години за кредити за обртни средства, односно до осум години за кредити за основни средства.

Штедилница Можности, следејќи ја својата мисија и визија, продолжува да ги поддржува компаниите во нивниот развој и со цел полесно да ги надминат предизвиците кои ги донесе Ковид-19 кризата,  со што ја зајакнува довербата од сегашните и идни клиенти кои во Штедилницата препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција.