Штедилница Можности се приклучи на иницијативата за заштеда на електрична енергија
11.11.2021
Штедилница Можности, членка на Македонската банкарска асоцијација, се приклучи на иницијативата за здружено општествено одговорно однесување, со препорака за рационално користење на електричната енергија, со што почнувајќи од 10.11.2021 година сите наши експозитури и централни објекти ги изгаснаa светлечките реклами во траење од период од 30 дена.
Со овој чекор штедилницата дава пример за одговорно однесување во општеството во кое делува, давајќи го својот придонес во заштедата на електрична енергија во услови на прогласена енергетска криза на ниво на територија на цела држава.
Се движиме заедно
Штедилница Можности