Штедилница Можности одбележува 21-ви роденден

25.05.2021

Чест и гордост ни е да Ве информираме дека мај 2021 година е месецот кога го славиме 21-от роденден на Штедилница Можности.

Дваесет и една година искуство во финансискиот сектор и рамо до рамо со банките кои се дел од истиот, е големо богатство и одлична база за идни нови проекти и предизвици.

Со мал тим на почетокот почнавме и успеавме први во државата да ги кредитираме малите бизниси кои немаа пристап до капитал и средства за нивната работа и растевме и созревавме заедно низ годините преку взаемна поддршка и почитување.

Штедилницата, следејќи ги трендовите на дигитализацијата во секторот, и понатаму ќе се стреми да прави големи чекори за и во иднина да им излезе во пресрет на клиентите.

Дваесет и една година целосно и во континуитет ги посветуваме сите наши расположливи ресурси да им помогнеме на нашите клиенти да ги реализираат нивните цели. Нашата постојана инспирација ја црпиме од нивните успеси. Клиентите се на врвот на сите приоритети во нашето работење.

Во изминативе години заедно создаваме традиција, тимска работа, инспирација и  растеме и градиме институција за нашите граѓани, компании и партнери.

Овие вредности се неразделлив дел од нас. Живееме со нив секој ден и по тоа сме препознатливи.

Со политиката на домаќинско работење ги отвараме вратите за нови можности и повисоки цели и резултати.

Продолжуваме сите заедно со бестрашни, цврсти чекори кон иднината и се она што носи модерното време.

Со почит,

Штедилница Можности