
5 корисни совети зошто да инвестирате во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија!
30.09.2025
Во време кога трошоците за живот постојано растат, а климатските промени се сѐ поочигледни, вложувањето во енергетска ефикасност не е само паметна финансиска одлука — туку и одговорен чекор кон подобра иднина.
Инвестирањето во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија значи:
- Намалување на трошоците
Помала потрошувачка = пониски месечни сметки за струја и греење. - Поголема удобност во домот
Подобар термален комфор преку изолација, квалитетни прозорци и ефикасно греење/ладење. - Заштита од идни енергетски поскапувања
Се намалува зависноста од нестабилни цени на енергија. - Подобро здравје и животна средина
Помал CO₂ и помало загадување – почист воздух за сите. - Поголема вредност на имотот
Енергетски ефикасните домови се попривлечни и повредни на пазарот.
Секоја инвестиција која денес ќе ја направите во обновливи извори и енергетска ефикасност, ве штити од идни енергетски кризи, а ја гради и вашата лична независност од нестабилните енергетски пазари.
Како да започнете?
Токму затоа, Штедилница Можности, во соработка со УНДП и ИОМ, ја нуди можноста за финансирање на овие проекти преку Зелен кредит со поволни услови и до 30% грант.
Оваа поддршка е наменета за сите кои сакаат да вложат во:
– Енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување;
-Топлински пумпи;
-Изолација на надворешни ѕидови, покриви, поткровје, под и преградни ѕидови;
-Печки/котли на палети;
-Соларни колектори за топла вода;
-Фотоволтаични системи;
-Клима уреди;
-Фрижидери/замрзнувачи, акумулациони бојлери за топла вода;
-Литиумски (LI-ION) батерии;
-Електрични/хибридни возила (за корисници од сегментот ,,Домаќинства со лица со попреченост”)
Со износ до 1.500.000 денари, рок на отплата до 95 месеци ова е вистинскиот момент да се направи паметна, зелена инвестиција.
Искористете ја можноста БЕЗ трошоци за аплицирање до 30.09.2025!
Ако размислувате за обновување на вашиот дом, намалување на месечните трошоци или едноставно сакате да живеете поодржливо – сега е моментот.
Зелениот кредит од Штедилница Можности е вашата алатка за да направите чекор напред – за себе и за средината во која живеете.