Оглас за ИТ поддршка во оддел за апликативен софтвер, во сектор ИТ

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности.  Штедилница Можности вработува:

ИТ поддршка во оддел за апликативен софтвер, во сектор ИТ

Работни задачи:

  • Администрација на бази на податоци и анализа на податоци во база,
  • Анализа на функционалности на банкарската апликација,
  • Изработка на различни извештаи и прегледи од базата на податоци, а во врска со работењето на штедилницата,
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти,
  • Спроведување на примени барања од корисници,
  • Комуникација со развивачот на софтверот за примени барања од корисници,
  • Креирање и ажурирање на техничките упатства за корисниците за употреба на апликативните решенија,
  • Водење на соодветна документација од делокругот на работењето,
  • Постојана комуникација со корисниците и развивачот на софтверот.

Како ИТ подршка (IT support), заедно со останатите членови на тимот во ИТ сектор ќе учествува во:

  • Креирањето и имплементацијата на политиките и процедурите за воведување на софтверски решенија, и
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти.

Потребни квалификации и вештини:

  • Соодветно познавање на SQL, PL/SQL и познавање на Oracle DB,
  • Високо образование и/или средно образование со соодветно работно искуство,
  • Самоиницијативност и способност за тимска работа,
  • Добри комуникациски способности,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Предвиден буџет за нето плата е до 70.000 денари, во зависност од знаењето и работното искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

            Штедилница Можности која има правичен третман при вработување на сите лица и нуди одлични услови за работа со можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, огласот е активен до 16.04.2025 г.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост и согласно Законот за заштита на лични податоци.