Оглас за вработување во Гостивар
Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитура на штедилницата во Гостивар
Работни задачи:
- Промоција и продажба на финансиски продукти,
- Проценка на кредитни барања,
- Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
- Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
- Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
- Градење на квалитетни односи со клиенти.
Потребни знаења и вештини:
- Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
- Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
- Познавање македонски, албански и англиски јазик,
- Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии од областа на финансии и банкарство,
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.
Бенефиции:
- Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата,
- Континуирани обуки за професионален развој,
- Работа во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, со назнака за експозитурата за која се аплицира. Огласот е активен до 10.12.2025 г.
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.