Штедилница Можности заедно со најмладите

1.11.2022

По повод Светскиот ден на штедењето, на 31 Октомври 2022 година, Штедилница Можности беше домаќин на дечињата од основното училиште ООУ “Видео Подгорец” од Струмица кои дојдоа на посета во експозитурата на штедилницата во Струмица.

Во пријатна атмосфера се оствари успешна посета кога нашите колеги низ прашања и одговори ги запознаа љубопитните ученици со начинот на штедење, зошто штедиме и колку е важно да се стекнуваат навики за штедење во секојдневниот живот уште од мали нозе.

Вредните ученици беа креативни и низ цртежи ги пренесоа нивните пораки за денот на штедењето.

На крај дечињата добија соодветни поклони во знак на сеќавање од нивната посета на штедилница Можности.