Штедилница Можности во поддршка на земјоделието

3.09.2019

Штедилница Можности беше дел од “Агро Саем Струмица” што се одржа од 30-31 Август на плоштад “Гоце Делчев” во Струмица каде зеде активно учество со свој штанд.

На саемот присуствуваа голем број на земјоделски производители од Југоистокот со своите производи, дилери на механизација, увозници на репроматеријали, конзервни капацитети и винарии од нашиот регион, како и општините од Југоистокот кои ги претставија своите можности за рурален туризам.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности има можност да биде поблиску до своите клиенти, да едуцира и советува, а воедно и да ги презентира  своите производи и услуги коишто постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности