Можности традиционално дел од спортската бизнис заедница

27.09.2021

Штедилница Можности беше дел од Business Run 2021 којa се одржа во Скопје на 25-ти Септември (сабота), каде беа пријавени над 50 компании од целата држава.

Тимот на штедилницата го сочинуваа колегите Кристина Настевска, Марко Ивановски, Раде Филиповски и Златко Маркоски кои се натпреваруваа во штафетна трка со измени на секои 2 км, каде тимски истрчаа за 35.33 мин, што беше осмо најдобро време на настанот.

Колегата и маратонец  Марко Ивановски четвртиот круг го истрча со најбрзо време на настанот со 6:56 мин, додека во севкупна машка конкуренција заврши на одличното второ место.

Сите заедно, и оние кои учествуваа на трката, и останатите колеги кои дојдоа како поддршка под боите на штедилницата ја остварија целта на оваа трка, а тоа  е спортско, рекреативно и деловно дружење.

Штедилница Можности уште еднаш ја манифестира општествената одговорност, со мотивирање и поддршка на вработените да учествуваат на настани од спортски карактер.

Честитки за колегите!!!

Спортски поздрав до следна година!