Можности во друштво со најмалите

4.11.2019

По повод Светскиот ден на штедењето, на 31 Октомври 2019 година, Штедилница Можности беше домаќин на дечињата од градинката “Детска радост” од Струмица кои дојдоа на посета во експозитурата на штедилницата во Струмица.

Целта на посетата беше запознавање на најмладите со работата на штедилницата, со посебен акцент на важноста од стекнување навики за штедењето во секојдневниот живот.

Посетата беше исклучително успешна. Во пријатна атмосфера нашите колеги ги пречекаа дечињата од градинката, низ прашања и одговори им објаснија што значи да се штеди, кои се придобивките од штедењето и колку е битно да се има навика да се штеди уште од мали нозе.

На крај дечињата добија соодветни поклони во знак на сеќавање од нивната посета на штедилница Можности.