Штедилница Можности слави полнолетство во експозитура Велес

20.07.2021

20-ти јули го посветуваме на експозитурата на Штедилница Можности во Велес.

Млад тим полн со огромна енергија, ентузијазам и желба за работа прослави 18 години постоење на експозитурата.

Низ изминатите години остварија одлични резултати со реализирани над 3.500 кредити во износ од над 17 милиони евра во поддршка на земјоделието и бизнисите во регионот на Велес и околината.

Со голема професионалност во работата, искуство, знаење и взаемна поддршка, се движиме заедно кон поголеми успеси.

Штедилница Можности