Штедилница Можности дел од хуманитарна активност

12.05.2020

12.05.2020

Соопштение за јавност

Над 700 здравствени работници од Универзитетските клиники за детски болести и за  гинекологија и акушерство, на почетокот на мај 2020 година добија 1462 медицински одела како донација од Штедилницата Можности, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На овој начин овие три организации со долгогодишни практики на општествена одговорност им излегуваат во пресрет на сѐ поголемите потреби на здравствените работници за заштитна облека што произлегува од кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.

 Медицинските одела се сошиени во текстилна фабрика во земјата, со што истовремено се придонесува и кон задржување на работните места во услови на пад на економската активност во земјата. Придонес ќе има и државниот буџет со тоа што организациите нема да бараат враќање на ДДВ, согласно регулативата за донации од јавен интерес.

Солидарноста воопшто, а особено солидарноста кон оние кои се најизложени во борбата против пандемијата, е една од клучните вредности кои ги негува Штедилница Можности.