“Можности“ во текот на годината учествува на повеќе саемски манифестации….

13.08.2006

Кавадарци 2006

Одржувајќи ја својата традиција, градот Кавадарци по шести пат во годината ја организираше манифестацијата “Тиквешки гроздобер” во чии рамки се одржа саемот “Вино Експо 2006”. “Можности“ беше дел од овој саем кој траеше од 01.09.2006 година, во просториите на спортската сала “Јасмин” во Кавадарци.

Саемот е од меѓународен карактер со учество на винарски визби од Хрватска,Србија, Бугарија, Грција и други земји.

Со промоцијата на кредитните и штедните продукти и услуги, штандот на “Можности“ привлече голем број на посетители кои се интересираа за тоа што “Можности“ како штедилница има да им го понуди на заинтересираните, потенцијални клиенти.

Впрочем, тоа беше знак за добрата позиција што ја има “Можности“ во Кавадарци.

Струмица Експо 2006

Под покровителство на градоначалникот на Струмица, по вторпат се одржа меѓународниот саем за производство, трговија и услуги „Струмица Експо 2006“. Саемот траеше од 02.11 до 04.11.2006 година во просториите на спортската сала “Парк” во Струмица.

На овој саем, штедилницата “Можности“ имаше можност да ја промовира нејзината палета на услуги и продукти. Посебен акцент се стави на погодностите на земјоделските кредитни линии поради видот на саемот и интересот на посетителите.

ФИН ЕКСПО 2006

Во просториите на Скопски саем во Скопје, во периодот од 06 до 08 декември се одржа петтиот по ред саем на финансии, деловни можности и економски развој, ФИН ЕКСПО 2006.

Штедилница “Можности“ и оваа година зеде активно учество на овој саем така што посетителите можеа да ги добијат сите потребни информации за производите и услугите што ги нуди.

Исто така, саемот беше добра прилика за запознавање со работата на другите финансиски институции што учествуваа на саемот.

ЕКСПО Битола 2007

Од 07 до10 јуни 2007 година, во спортската сала „Младост“ во Битола се одржа петтиот по ред саем на стоки за широка потрошувачка, репроматеријали, опрема и туризам, „Експо Битола 2007“.

Штедилница “Можности“ по вторпат учествуваше на овој саем.

Посетителите можеа да го посетат штандот и да се информираат за услугите кои ги нудат “Можности“.

ФИНЕКСПО 2007

“Можности“ учествуваше на шестиот саем на финансии, деловни можности и економски развој, ФИНЕКСПО 2007 кој се одржа од 28 до30 ноември во просториите на Скопски саем.