Оглас за вработување во Гостивар

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

Службеник за односи со клиенти во експозитура на штедилницата во Гостивар

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Познавање македонски, албански и англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии од областа на финансии и банкарство,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, со назнака за експозитурата за која се аплицира. Огласот е активен до 10.12.2025 г.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Приватност

Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да Ви го овозможиме најдоброто можно корисничко искуство.

Информациите за колачињата се зачувуваат во Вашиот пребарувач и извршуваат функции како што е Ваше препознавање кога ќе се вратите на нашата веб страна и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната Ви се најинтерсни и корисни.