Оглас за службеник во сектор трансакции и логистика на продажба

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

Службеник во сектор трансакции и логистика на продажба

Работни задачи:

  • Евиденција, следење и анализа на штедно портфолио,
  • Реализација и евиденција на кредити,
  • Превземање на податоци од надворешни апликации и подготовка на извештаи,
  • Работа со кредитен и централен регистар,
  • Дневни и месечни пресметки и книжења,
  • Подготовка и контрола  на регулаторни и интерни извештаи,
  • Следење на законска регулатива и пазарни трендови во делот на штедно портфолио,
  • и други работи и работни задачи од областа на штедење и трансакции.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование економски факултет со основни познавања на финансиски извештаи, или средно образование со соодветно работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Почетна нето плата од 33.000 денари за кандидати без релевантно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, а огласот е активен до 16.04.2025 г.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Приватност

Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да Ви го овозможиме најдоброто можно корисничко искуство.

Информациите за колачињата се зачувуваат во Вашиот пребарувач и извршуваат функции како што е Ваше препознавање кога ќе се вратите на нашата веб страна и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната Ви се најинтерсни и корисни.