Големина на фонт: A A A

Визија за развој на Полошкиот регион

5 години “Можности“ во Тетово

На 24 март 2008 експозитурата на “Можности“ во Тетово прослави 5 години од нејзиното постоење.

Експозитурата во Тетово покрива дел од територијата на Западна Македонија, успешно остварувајќи ја мисијата на “Можности“, да им помогне на луѓето да започнат мала стопанска дејност и истата да ја развиваат.

Експозитурата започна да функционира само со еден вработен, во текот на годините бројката растеше, за да во моментов го достигне бројот од 6 вработени.

Со самото отворање, експозитурата започна и со благајничко работење со што понуди и повеќе услуги, го подобри квалитетот во работењето, се доближи повеќе до своите клиенти .

Во текот на 5-годишното работење на “Можности“, во Тетово се остварени значајни посети од страна на партнер организации од странство меѓу кои и УСАИД и од Opportunity International.

Во досегашното работење, експозитурата во Тетово има реализирано над 2.600 кредити во износ на над 8 милиони евра и има над 800 активни клиенти.

Во делот на штедењето ја стекна довербата на над 1 200 штедачи.

Процесот на децентрализација што се спроведе во штедилница “Можности“, како чекор за поголема самостојност во работењето на експозитурите, во експозитурата во Тетово беше воведен во 2006 година.

Децентрализацијата придонесе за поголема ефективност, самостојност во работата, за подобрување на квалитетот на услугите кон нашите клиенти.

Имајќи ги предвид искуствата на експозитурата во Тетово со што се придонесува за ефикасно спроведување на новините во развојот и деловната политика на “Можности“, истата ќе се стреми кон продолжување на успешната имплементација на сите нови предизвици кои нè очекуваат на полето на остварувањето на нашата мисија и визија.

Поминаа 5 успешни години од работата на експозитура во Тетово, а нè очекуваат уште поголеми предизвици за уште поголеми задачи и успеси во иднина.

 
Кон врвот