
23.09.2015
Соопштение за јавноста
Штедилница "Можности" - Национален шампион во категоријата “Посветеност кон клиентите”
Штедилница "Можности" беше номинирана од страна на RSM Censum да се вклучи во European Business Awards за 2015/16 година и ја доби наградата за национален шампион во категоријата „Посветеност кон клиентите“.
Нашата штедилница беше една од претставниците од Република Македонија и заедно со повеќе од 32.000 бизнис институции од 33 земји во Европа се претстави пред европската бизнис заедница.
„Штедилница "Можности" е финансиска институција со долгогодишно искуство на пазарот. Нашата мисија е да им обезбедиме можности на граѓаните и на малите и средни претпријатија да ги реализираат своите идеи. Оттука оваа награда е од големо значење за нас, бидејќи ја потврдува нашата заложба – клиентот во центарот на нашето работење“, изјави Снежана Андова, управител на штедилница "Можности".
Наградата несомнено е поттик за понатамошното успешно работење, а штедилница "Можности" и понатаму останува да биде партнер од доверба на клиентите.
Се движиме заедно
Штедилница "Можности"