31.12.2012
Соопштение за јавност
Ве известуваме дека согласно одлука на Народна банка на РМ, почнувајќи од 01.01.2013 година кованите пари во апоен од 50 дени се повлекуваат од промет и престануваат да бидат законско средство за плаќање. Согласно ова, најнискиот апоен на денарите во прометот со кој се заокружува крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги изнесува 1 денар. Ако при пресметувањето се појават износи кои што се во распон до еден денар, ќе се изврши заокружување така што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.
Штедилница Можности
31.12.2012