Големина на фонт: A A A

09.09.2016

Соопштение за јавноста

Штедилница Можности со активности за заштита на животната средина

 

Штедилница Можности, во соработка со Друштвото за управување со отпадна електрична и електронска опрема, неодамна постави центри за рециклирање на батерии во дирекцијата и поголемиот дел од своите експозитури.

Ова е една од еколошките активности кои штедилницата како општествено одговорна компанија ги презема за заштита на животната средина, а во која покрај вработените, можат да се вклучат и клиентите на штедилницата.

Батериите што секојдневно се користат, содржат многу тешки метали и токсични хемикалии кои имаат негативно влијание врз животната средина, загадувајќи ја почвата и водата. Контаминираните почва и вода влијаат директно врз квалитетот на прехранбените производи што ги користат луѓето и животните. Зголеменото количество на тешки метали во човечкиот организам предизвикува голем број на хронични заболувања.

Со рециклирање на батериите се заштитуваат животната средина и здравјето на луѓето, се штеди енергија, се намалуваат трошоците и се обновуваат ресурсите што се потребни во разни индустриски гранки.

 

Локациите каде што можат да се оставаат потрошени батерии за рециклирање се дирекцијата на штедилницата, како и експозитурите во Скопје - Лептокарија, Битола, Куманово, Велес, Кочани, Гостивар, Тетово, Струмица, Струга и Кавадарци.

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот