Големина на фонт: A A A

05.10.2016

Штедилница Можности го подржува спортскиот дух

Во организација на Народната банка на Република Македонија, а по повод 70 години централнобанкарски активности, на 2.10.2016 година се организираше спортски настан од хуманитарен карактер што опфати трчање, возење ролери, возење велосипед и брзо пешачење, а се вклучи целиот финансиски сектор во земјава.

 

Нашиот познат маратонец и колега, Александар Кираџиев, како претставник на штедилницата, учествуваше во трката на 2.2 км по патеката на кејот на реката Вардар од МАНУ до спортскиот центар „Јане Сандански“ (н. Аеродром – Скопје) и го освои првото место, за што официјално беше прогласен за најдобар и доби честитка и симболична награда од гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов. 

 

 

 

Се движиме заедно,
Штедилница Можности

 
Кон врвот