Големина на фонт: A A A

24.04.2017

Соопштение за јавноста

Штедилница Можности ги поддржува младите луѓе со спортски дух

Достоинство, интегритет, храброст и скромност усогласени во целост со гордоста, амбицијата и одлучноста... тоа се неколкуте суштински квалитети на атлетичарите. Се разбира, во прилог на одличните спортски вештини.

Атлетиката е една од најстарите форми на спортски натпревари. Историјата на атлетиката е всушност спортска историја.

Поради нејзиниот голем опсег (која ги опфаќа тркачките дисциплини, скоковите и фрлањата), се нарекува „Кралица на спортовите“...

Штедилница Можности вложува во млади и амбициозни луѓе со спортски дух и поставени цели пред себе.
Имено, во тимот на штедилницата, нашиот колега Александар Кираџиев е дел од овие млади луѓе кои покрај работните обврски во штедилницата, го посветуваат својот живот на атлетиката, поточно на дисциплината маратон.

Оваа година се бележи неговото учество и успешен настап на маратонот во Хановер, Германија којшто се одржа на 9 април 2017 година.

На овој маратон на патека долга 42 км, Александар го истрча неговото второ најдобро време во кариерата, со резултат од 2:39:09 и се пласираше на 18-то место од вкупно 30.000 учесници од целиот свет.

Штедилницата и понатаму ќе продолжи со поддршка на проекти и настани од областа на спортот како дел од својата мисија и визија.

 

Се движиме заедно,
Штедилница Можности

 
Кон врвот