Големина на фонт: A A A

Штедилница Можности дел од првиот регионален форум за микрофинансиски институции во Македонија

 

Во организација на Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето, се одржа првиот регионален форум “Со микрофинансирање до финансиска инклузија“ на којшто Штедилница Можности зеде активно учество.

Настанот се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје на 22 и 23 септември 2016 година, а учествуваа над 90 претставници од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор, при што се истакна важноста на микрофинансирањето како дел од македонската економија.

Своите искуства во изминатите децении на форумот ги сподели и Снежана Андова, управител на Штедилница Можности, која на форумот им се обрати на присутните во сесијата “Микрофинансирањето во регионот“, претставувајќи ја штедилницата и другите микрофинансиски институции, како и првиот проект на микрофинансирањето во Република Македонија, предизвиците со кои се соочува во работењето во годините наназад и придонесот на штедилницата со своето успешно делување веќе 20 години во микрофинансискиот сектор во земјава.

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот