
24.12.2013 година
Соопштение за јавност
Претприемач на годината 2013
Штедилница “Можности“ ја поддржа 7-та по ред манифестација “Претприемач на годината 2013” која се одржа на 23 декември 2013 година во Скопје.
Целта на манифестацијата е да се наградат и промовираат успешните претприемачи во Македонија за што и беа доделени соодветни награди.
Водејќи се од визијата и мисијата, “Можности“ повеќе од 15 години го поттикнува претприемачкиот дух и култура во Република Македонија и тоа успешно ќе продолжува да го докажува и во иднина со поддршка на настани од ваков тип.
Се движиме заедно,
Штедилница “Можности“