Големина на фонт: A A A

Градете ја својата кариера и развивајте се како IT професионалец во областа на финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и сакате да го унапредувате своето знаење и вештини во финансиска институција, Штедилница Можности вработува:

Штедилница Можности  вработува Систем Инженер

 

Потребни знаења и вештини:

-       висока стручна подготовка во областа на компјутерски/информатички науки,

-       Познавање на хардверски компоненти и одржување на истите;

-       Познавање на оперативни системи (Windows и Linux) и системски продукти

-       Познавање на Microsoft домен инфраструктура Active Directory,  Microsoft Exchange и сл.

-       Познавање од мрежни инфраструктури

-       Познавање на виртуелни околини;

-       Познавање на сигурносни решенија (Firewall решенија, Антивирусни решенија, Анти спам решенија и сл.)

-       Познавање  на решенија за бекап и бекап процеси

-       Познавање на бази на податоци (oracle)

-       одредено искуство во системско одржување и администрација на оперативни системи и oracle бази на податоци.

 

Работни задачи:

-       Техничка поддршка на серверска и мрежна опрема;

-       Администрација на виртуени околини;

-       Администрација во домен инфраструктура; 

-       Администрација на Антивирус, Анти Спам уреди и други сигурносни решенија;

-       Администрација на бекап решенијата;

-       Администрација на oracle бази на податоци;

-       Подршка на  Windows инфраструктура

Аплицирајте преку нашата web страна:

 

http://www.moznosti.com.mk/aplikacija-za-vrabotuvanje.nspx или пратете CV преку е-пошта: rabota@moznosti.com.mk, не подоцна од 25.04.2019 година.

Вашата Апликација треба да содржи доволно информации за да покаже зошто Вие одговарате за оваа работна позиција.

Земете ја во предвид информацијата дека само кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани, а изборот ќе се врши во рок од 45/90/120 дена по завршување на Огласот. Со праќање на вашата апликација, согласни сте да се користат вашите лични податоци во процесот на селекција.

 
Кон врвот