Можности со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите

30.09.2021

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека Штедилница Можности се стекна со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

По тој повод на 30.09.2021 година во просториите на Штедилницата свечено беше доделен Сертификатот од страна на ОПМ.

Со стекнувањето на сертификатот верификувано е дека Штедилницата поседува:

  • Веродостојни продажни информации и практики;
  • Фер договорни и постпродажни практики;
  • Процедури за заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност;
  • Политики и практики за достапност на давателот на финансиски услуги преку различни канали и за различни категории на лица;
  • Одговорно управување со поплаки од потрошувачите;
  • Едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Добивањето на оваа признание е од голема важност за Штедилницата, бидејќи со тоа се верификува нашата мисија  и придонесува клиентите да не препознаваат како институција која нуди фер финансиски услуги,  ја зголемува довербата кај клиентите и е позитивен придонес кон конкурентската предност и нашата репутација на финансискиот пазар.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности