Штедилница Можности дел од манифестацијата Претприемач на годината 2019

20.12.2019

Штедилница Можности ја поддржа 13-та по ред манифестација  „Претприемач на годината 2019” во организација на Македонската развојна фондација на претпријатијата (МРФП) која се одржа на 17 декември 2019 година во Скопје.

Целта на манифестацијата е да се наградат и промовираат најдобрите и најуспешни претприемачи во Македонија кои спаѓаат во доменот на микро и мали претпријатија за што и беа доделени соодветни награди.

Водејќи се од визијата и мисијата, штедилницата го поттикнува претприемачкиот дух и култура во Република Македонија  повеќе од 19 години и тоа успешно ќе продолжува да го докажува и во иднина со поддршка на настани од ваков тип.