Проектот на Habitat for Humanity и штедилница “Можности“ меѓу 3-те најиновативни проекти на светско ниво

3.03.2008

Проектот “Подобар дом” на Habitat for Humanity и штедилница “Можности“ е избран меѓу трите најиновативни проекти на светско ниво.

Трите финалисти беа избрани во конкуренција на повеќе од 200 проекти од стотина земји во целиот свет од страна на Global Development Network, како истражување подржано од Светска банка.

Прогласувањето за најиновативниот проект ќе се одржи за време на деветтата Глобална конференција за развој, во јануари 2008 во Бризбејн, Австралија.

Проектот воспостави кредитна линија која нуди мали заеми за реконструкција и реновирање на супстандардни домови, односно за семејства кои имаат услови за живот под нормалните.