Признание за најдобар шалтерски работник во штедилницата

2.11.2016

Светскиот ден на штедењето и годинава беше одбележан со свечена седница од страна на Здружението на банкарство при Стопанска комора на Македонија во присуство на претставници од НБРМ, од Министерството за финансии и од банките и штедилниците.

На свечена церемонија на 31.10.2016 година, традиционално им беа доделени награди и признанија на најдобрите шалтерски работници од сите банки и штедилници во земјава, кои во текот на 2016 година покажале особени резултати во работењето со населението.

Од Штедилница Можности, најдобар шалтерски работник со пофалби за нејзината работа беше избрана Флорина Хаџи Пази од експозитурата во Гостивар.

Се движиме заедно,
Штедилница Можности