Известување за објава на Табела на најрепрезентативни кредитни и депозитни продукти согласно насоки од НБРСМ и МБА

19.07.2021

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека Штедилница Можности го објави документот “Табела на најрепрезентативни кредитни и депозитни продукти” за физички лица којшто е во согласност со официјалниот документ “Насоки за банките и штедилниците” потпишан од страна на НБРСМ и МБА и придонесува за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението.

На овој начин штедилницата ги објавува одделните банкарски производи во стандардизиран форма, со што се обезбедува поголема транспарентност, споредливост и поголема информираност на клиентите, што е и во насока на поголема заштита на потрошувачите како и едукација за одделни кредитни и депозитни производи што од друга страна ќе им помогне при избор на соодветен продукт согласно нивните потреби.

Во прилог линкови до соодветните документи:

Табела со најрепрезентативни кредитни производи

Табела со најрепрезентативни депозитни производи

Со почит,

Штедилница Можности