
09.05.2017
Соопштение за јавноста
Можности повторно на врвот меѓу најдобрите!
Штедилница Можности беше дел од 13-то издание на Скопскиот маратон кој се одржа во Скопје во неделата, на 7 мај, а учествуваа над 8.500 маратонци од целиот свет.
Седуммина наши колеги зедоа учество во трката на 5 км и полумаратонот (21 км) и сите успешно завршија на целта.
Нашиот колега и професионален маратонец Александар Кираџиев оваа година повторно беше национален шампион на земјава и шестопласиран во целокупна конкуренција. Тој ја мина трката за време од 2 часа 41 минута и 29 секунди.
Сите заедно, и оние кои учествуваа на трките, и останатите колеги кои дојдоа како поддршка под боите на штедилницата, придонесоа во промовирањето на спортскиот дух и културата во земјава.
Дружбата на вработените од спортските патеки се пресели во локален бар каде што се собраа учесниците маратонци и тимот за бодрење.
Штедилница Можности го спонзорираше учеството на сите свои вработени – учесници, а ги поддржа и со соодветна брендирана опрема за трчање, докажувајќи се како општествено одговорна компанија која со својата визија и мисија успешно ги спојува грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.
Подолу слики од тимот на штедилницата.








Спортски поздрав до следна година на Скопски маратон!
Се движиме заедно
Штедилница Можности