
04.04.2018
Соопштение за јавноста
Известување за нова локација на експозитурата во Скопје - Лептокарија
Штедилница Можности ги известува своите клиенти дека заради промена на локацијата, експозитурата на штедилницата во Скопје - Лептокарија има промена во редовното работење:
- Од 04.04.2018 година (среда) до 20.04.2018 година (петок) – нема да извршува благајнички активности.
- Од 23.04.2018 година (понеделник) – експозитурата продолжува со редовна работа на нова локација на бул. „Партизански Одреди” 64А, дел 15, зграда 1, влез 2, кат ПР, на 30-тина метри од постоечката локација.
(За подетални информации Ве молиме контактирајте ги вработените од експозитурата на мобилен телефон).
Со почит,
Штедилница Можности