Големина на фонт: A A A

"Хабитат ден" на Скопски саем

Секое семејство заслужува пристоен, удобен и топол дом

Со пораката “Хабитат ден - сите партнер-семејства заедно” се дружеа сите партнер-семејства на невладината организација “Habitat for humanity” и штедилница “Можности“ на забавата што се одржа на 9 септември во спортско-рекреативниот центар “Action Park” на Скопски саем. Штедилница “Можности“, заедно со Фондот за подобар дом “Habitat for Humanity” им помагаат на оние семејства кои остваруваат приход или се занимаваат со сопствена дејност со одобрување на мали заеми за реконструкција и реновирање на супстандардни домови. Семејството Каролинче и Љупчо Ефтемови доби посебно признание за најефикасно искористени средства.

Ефтемови е семејство од Скопје кое го искористи кредитот за проширување и средување на нивната куќа во Радишани. Хабитат кредитите можат да се добијат единствено во “Можности“, односно во сите нејзини експозитури низ земјава. Со овие кредити им помагаме на семејствата да си го подобрат домот каде што живеат и да ги санираат настанатите проблеми во нивниот дом. Почести проблеми кои би можеле да ги наведеме се:

  • реконструкција и промена на покрив и покривна конструкција;
  • санирање на влага;
  • мала квадратура по лице кое живее во тој дом (проширување на квадратурата - доградба);
  • инсталирање и реконструкција на електрична, водоводна и одводна мрежа;
  • инсталирање на парно греење;
  • промена на прозори и врати;
  • изведба и обнова на бањи и тоалети;
  • подобрување на изолација од секаков вид.

Едно семејство може да добие најмногу 4.000 евра во денарска противвредност, со рок на отплата до 60 месеци. За кредит од 4.000 евра, со рок на отплата од 5 години, месечната рата е 87,97 евра (5.402 денари) со вклучен манипулативен трошок.

Во штедилница “Можности“ досега се одобрени над 150 кредити со износ од над 505.000 евра.

 
Кон врвот