Штедилница “Можности“ добитник на награда од европски ранг

28.06.2013

 Штедилница “Можности“ е добитник на наградата “Good Practices Europe Award 2013”,спонзорирана од Giordano Dell’ Amore Foundation во соработка со European Microfinance Network.

Во конкуренција од 19 микрофинансиски институции од цела Европа, “Можности“ влезе во најтесен изборен круг од три учесници, меѓу кои Deutsches Mikrofinanz Institut (DMI) од Германија и Partner Microcredit Foundationод Босна и Херцеговинаи беше избрана како официјален победник и добитник на наградата.

Суштината на иницијативата за овој вид на награда е да се прикаже свесноста за големото значење на микрокредитирањето на европско ниво, преку примена на иновативни практики, како и воведување на корисни компоненти за економски и социјален развој на клиентите.

Апликацијата што беше поднесена до комисијата на  Giordano Dell’ Amore Foundation се однесува на продуктот „Локум2“ со кој им се овозможува на клиентите кои немаат официјални документи за нивниот бизнис да добијат кредит, а кредитот се документира со фотографии од местото каде што клиентите ја извршуваат дејноста.

Наградата беше доделена на 10-та годишна конференција на Европската микрофинансиска мрежа (ЕМН) која се одржа во Стокхолм од 25 до 26 јуни 2013 година.

Ова е уште еден поттик на тимот на штедилница “Можности“ и понатаму да развива и пласира иновативни решенија за луѓето на кои им е потребна поддршка во реализацијата на нивните добри деловни идеи, а со тоа помагајќи им на малите бизниси, семејства и заедницата.

Се движиме заедно
Штедилница Можности